Skopje City Hall - 2nd Prize | Igor Vasilevski

Architectural projects for Skopje City Hall Skopje / Republic of Macedonia / 2011

4
4 Love 1,357 Visits Published
Современиот концепт на современа Градска Куќа го сфаќам како објект, во кој покрај основните функционални особини, несомнено би морало да ги содржи елементите на естетски израз, кој на уникатен,оригинален начин ќе мора да се вклопи во постоечката градска визура,интерпретирајќи го ехото на современата архитектонска мисла. Водејќи се со идејата да создадам објект во кој естетиката и функцијата ќе го носи главниот примат, инспириран од самата локација и нејзината значајна местоположба која ги содржи сите енвајароментални предности, како што се реката Вардар и тврдината Кале, создавам концепт тесно поврзан токму со нив. Основната идеја на овој проект е создавање и отворање на нов „портал“ кој во непосредна близина на Скопското Кале, адекватно ќе одговори на функцијата на објектот, во кој пред неколку векови јужната и северната порта беа главните влезови во скопската твдрдина во која како што знаеме се наоѓала градската администрација. Во тој контекст се создава аналогија кај влезните партии во приземјето кои претставуваат главни портали за влез во објектот. Поставени се на оска север-југ, каде што северната страна е влез за странки а јужната за вработени. На самите влезни партии поставени се пространи инфо пултови кои се придружени со обезбедување. Нивната непосредна локација покрај влезовите одговара на потребите за брза дисперзија на поголема фреквенција на луѓе. Од тука, граѓаните можат да пристапат кон шалтерската служба, да причекаат во централното фоаје или да се освежат во кафе барот. Доколку имаат потреба да влезат во некој од секторите, ќе треба да добијат пропусница на еден од шалтерите со која ќе можат да ја поминат контролната рампа и да се упатат кон еден од секторите позиционирани на приземјето и преостанатите 5 нивоа.
4 users love this project
Comments
    comment
    user
    Enlarge image

    Современиот концепт на современа Градска Куќа го сфаќам како објект, во кој покрај основните функционални особини, несомнено би морало да ги содржи елементите на естетски израз, кој на уникатен,оригинален начин ќе мора да се вклопи во постоечката градска визура,интерпретирајќи го ехото на современата архитектонска мисла. Водејќи се со идејата да создадам објект во кој естетиката и функцијата ќе го носи главниот примат, инспириран од самата локација и нејзината значајна местоположба која ги...

    Project details
    • Year 2011
    • Main structure Reinforced concrete
    • Client City of Skopje
    • Cost 4.500.000
    • Status Competition works
    • Type Government and institutional buildings
    Archilovers On Instagram
    Lovers 4 users