Omega | Aleksandar Petrov

filoloski fakultet Niksic / Montenegro / 2010

2
2 Love 847 Visits Published
Општината Никшич во Црна Гора, кон крајот на 2010 година распиша конкурс за Филозофскиот факултет, со кој почна да се дополнува дадениот ДУП на целокупниот универзитетски кампус.Според планот, се планира во текот на следниов период да се сконцентрира и заврши урбаниот развој започнат кон крајот на седумдесетите и осумдесетите години Двата влеза на приземјето се поставени за да го задржат текот на постоечкото движење .Едниот се надополнува со градското ткиво ( и станува административен влез) ,другиот пак со постоечкиот кампус и преку блага рампа се поврзува со нашиот нов објект,кој впрочем станува главен студентски влез. Сутеренот е обложен со масивен необработен камен со цел да се заштити внатрешноста на просториите а воедно и да го спои целокупниот објект на земја, додека пак горната фасада е целосно отворена со стаклена конструкција на која се поставени вертикални брисолеил за да се заштитат јужната,западната и источната фасада.Северниот дел каде тоа не е потрабно , а со цел да се разбие тоа повторување, се прави исчекор , односно се обложува со перфорирани алуминиумски панели. Во тој дел се наоѓаат кабинетите на академскиот персонал, чија фасада е од иштампано стакло по која ‘течат’ мислите и пораките на големите светски писатели,испишани на различни јазици. Тој мотив воедно претставува и прва слика на куќата за сите кои доаѓаат од правец на центарот.Затоа ивиците на тој дел од фасадата се третирани како своевидна рамка на антологија на внимателно одбрани мисли,испишани на стакло,со содржина која одговара на социјалниот набој и острина,која доликува на интелектуалната слобода
2 users love this project
Comments
    comment
    user
    Enlarge image

    Општината Никшич во Црна Гора, кон крајот на 2010 година распиша конкурс за Филозофскиот факултет, со кој почна да се дополнува дадениот ДУП на целокупниот универзитетски кампус.Според планот, се планира во текот на следниов период да се сконцентрира и заврши урбаниот развој започнат кон крајот на седумдесетите и осумдесетите години Двата влеза на приземјето се поставени за да го задржат текот на постоечкото движење .Едниот се надополнува со градското ткиво ( и станува административен влез)...

    Project details
    • Year 2010
    • Status Unrealised proposals
    • Type Colleges & Universities
    Archilovers On Instagram
    Lovers 2 users